Била една од најпознатите инстаграм ѕвезди, а потоа е откриена нејзината МРАЧНА тајна (ВИДЕО)

Фото: Принтскрин

Лилијана дел Кармен Кампос Пуељо (48), една од најпознатите инстаграм ѕвезди во Колумбија е обвинета дека била лидер на банда која организирала малолетничка проституција.

Наводно, таа врбувала убави девојки од сиромашните краеви на земјата, кои потоа ги нудела на богати и влијателни клиенти.

Лилијана е уапсена со уште 17 луѓе во „Операција Вест“ кои колумбиската полиција ги привела во јули 2018 година во Картагена, град за кој обвинителите тврдат дека е средиште на прстен за детска проституција на чие чело била токму таа.

Во таа акција полицијата извршила претрес на летувалиште во нејзин посед и наишла на 250 малолетни девојки, од кои некои биле обележани со тетоважи од своите „сопственици“. Девојките наводно биле претставувани пред клиентите во каталози и приморани да учествуваат во оргии на луксузни јахти и хотели.

Кампос Пуељо, позната и под надимакот Ла мадам, наводно регрутирала вкупно 400 девојки за да ги задоволува богатите клиенти, меѓу кои се и славни личности и политичари. Лично бирала најубави девојки пред секоја забава која ја организирала за клиентите.

Кампос Пуељо, која во 2002 година во Њујорк е осудена и за трговија на херои, се брани со тврдење дека сите девојки биле постари од 18 година, со обзир дека проституцијата на возрасни е легална во Колумбија.

„Никогаш, никогаш не беа вмешани малолетнички“, тврди таа.

Како што наведуваат локалните медиуми, Кампос Пуељо на овој начин стекнала богатство од повеќе милиони.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот