Која е новата девојка на Бред Пит? Првпат се појавија заедно на црвениот тепих во Венеција

Фото: Cinzia Camela / Zuma Press / Profimedia

Бред Пит (60) во неделата пристигна на филмскиот фестивал во Венеција со својата девојка Инес де Рамон (31), која е 29 години помлада од него. Неа ја поврзуваат со актерот од крајот на 2022 година.

Од 2019 до 2022 година, таа беше во брак со Пол Весли, ѕвездата на „The Vampire Diaries“. Инес и Пол се венчаа на мала церемонија во 2019 година, а за време на нивниот краток брак не се појавуваа често во јавноста. Нивниот развод беше финализиран на почетокот на оваа година, пишува „Дејли мејл“ (Daily Mail).

Фото: EPA-EFE/FABIO FRUSTACI

Инес доаѓа од Њу Џерси, а дипломирала бизнис-администрација на Универзитетот во Женева во 2013 година. Според нејзиниот профил на ЛинкедИн, од 2020 година работи како менаџер во „Anita Ko Jewelry“, чии познати клиенти меѓу другите ги вклучуваат и Кортни Кардашијан и Хејли Бибер.

Работела и во други улоги во индустријата за накит и мода, вклучувајќи ги „Christie’s“ и „De Grisogono“. Инес е полиглот бидејќи зборува англиски, шпански, француски и германски јазик. Покрај тоа, таа е и сертифициран здравствен тренер за интегративна исхрана.

Инес првпат беше видена во јавноста со Бред на концертот на ирскиот музичар Боно во Лос Анџелес во ноември 2022 година. Тие го направија своето деби на црвениот тепих на 81-от филмски фестивал во Венеција со Џорџ и Амал Клуни на првата официјална проекција на филмот „Волци“.

Инес во Венеција се одлучи за бел фустан на едно рамо, сребрена чанта со светки и впечатливи обетки.

Фото: EPA-EFE/FABIO FRUSTACI

Де Рамон се пресели кај Бред во Лос Анџелес во февруари оваа година. Ова е прва сериозна врска на Бред по разводот со Анџелина Џоли. Оттогаш, работите станаа посериозни бидејќи летото го поминаа во Шато Миравал, француската винарија што актерот некогаш ја делеше со поранешната сопруга Анџелина Џоли.

Анџелина, пак, во Венеција беше придружувана од раперот Акала, за кој веќе некое време се шпекулира дека ѝ е нов партнер. Станува збор за Кингсли Џејмс Меклин Дејли, со кого актерката се поврзува од крајот на минатата година.

Џоли и Акала ја чуваат својата врска од јавноста, но познато е дека тие веќе патувале заедно. Во мај минатата година тие ја посетија Јамајка, а на крајот на декември беа видени на вечера во луксузен ресторан во Милано.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот