Која е најстарата шега на светот?

Египетски симболи / Фото: Pexels/Lady Escabia

Најстарата забележана шега во светот датира од 1900 година п.н.е и сугерира дека „тоалетниот хумор“ бил популарен и во античко време, пишува „Ројтерс“.

Потекнува од древните Сумери, кои живееле во областа на денешен јужен Ирак, и гласи: „Што никогаш не се случило од памтивек? Млада жена не прднала во скутот на нејзиниот сопруг“.

По ова, најстарата шега за фараон датира од 1600 година п.н.е., за која се верува дека е за фараонот Снофру, и гласи: „Како да забавуваш фараон кој се досадува? Пушташ чамец полн со млади жени, облечени само во рибарски мрежи, по Нил и го поттикнуваш фараонот да оди на риболов“.

„Шегите се менувале со текот на годините, па некои се состојат од прашања и одговори, додека други се мудри поговорки и гатанки“, рече д-р Пол Мекдоналд , експерт од Универзитетот во Вулверхемптон, кој објави листа на десет најстари шеги во светот во 2008 година.

„Но, тоа што е заедничко за сите шеги е нивната способност да се справат со табуата и што имаат одреден степен на бунт. Современите игри на зборови, шегите за девојки и т.н. ‘тоалетен хумор’ може да ги забележиме и во овие стари вицеви кои ги пронајдовме во ова истражување“, вели д-р Мекдоналд.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот