СКАНДАЛ Кој сака да профитира на сметка на визирите за македонските лекари?!

Продаваме визири за заштита од коронавирусот!

Ваков оглас се појави во групата ,,Купи продај – Автопазар” на Фејсбук. Цената за еден визир, според оваа реклама е 100 денари. Како фотографија за зделката, огласувачот користи слики од бесплатните визири кои група ентузијасти, триесетина ,,тивки херои”, од кои повеќето немедицинари, но хумани луѓе, деноноќно работеа, со свои 3Д принтери и лични материјали.

Докторот Ненад Лазаров, кој инаку е голем поддржувач на иницијативата и човек кој несебично се вложува за поголема заштита на медицинскиот кадар во услови кога медицинските маски и останатата заштитна опрема меѓу која и визири е неопходна, го нарече потегот воено профитерство.

– Ова се некои ратни профитери кои користат наша слика, апсолутно се оградуваме од било каква продажба и не знаеме за кого се работи. Молам итно да се спречи ова – вели Лазаров.

Изминатиот период вакви визири какви што сега некој рекламира за продажба на интернет огласниците, беа поделени во повеќе институции сосема бесплатно и завршија во рацете на оние на кои им се најпотребни, медицинските лица ширум земјава. Потегот наиде на низа охрабрувачки и пофални реакции од страна на јавноста, за денеска некој да се обиде со лажно рекламирање, да профитира.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот