Кој е Остин Батлер? По снимањето на „Elvis“ завршил во болница, во љубов е со светски топ-модел…

Фото: EPA-EFE/CAROLINE BREHMAN/Принтскрин/Јутјуб/Инстаграм

Синоќа беше негова ноќ! Остин Батлер се закити со Златен глобус во категоријата „најдобар актер во филм од жанрот драма“ за неговата феноменална глума во филмот „Elvis“, во кој го отелотвори кралот на рокенролот – Елвис Присли.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by VANITY FAIR NEXT (@vanityfairnext)


Младиот актер Остин Батлер (31) до оваа година на пошироката јавност ѝ беше најпознат по улогите во детските/тинејџерски филмови, а љубителите на филмот го знаат и како Текс Вотсон од филмот на Тарантино „Once Upon a Time… in Hollywood“ на Квентин Тарантино. Но, од јуни оваа година, Остин стана еден од најбараните актери на денешницата и еден од најверојатните кандидати за Оскар за најдобра машка улога. Веќе се закити со една престижна награда – Златен глобус.

Причина е неговата маестрална улога на кралот на рокенролот Елвис Присли во филмот на Баз Лурман „Elvis“, со која Остин покажа дека не само што може да глуми, туку и да пее и да танцува.

Остин Роберт Батлер е роден на 17 август 1991 година во калифорнискиот град Анахајм. Тој израснал веднаш зад Дизниленд, и иако изјавил за магазинот „Вог“ дека неговото семејство „немало многу пари“, неговата мајка секогаш го честела семејството со сезонски пропусници за Дизниленд. Во 2014 година, Батлер, за жал, ја загубил својата мајка Лори, која починала по борба со ракот.

И Батлер и Присли останале без своите мајки на само 23 години. Батлер објаснил дека поради тоа се чувствува уште повеќе поврзан со Присли.

– Кога дознав за неговата мајка, а потоа и дека сме биле на иста возраст, тоа едноставно ме погоди. Тоа беше само една од оние работи за кои знаете дека ѕвездите се сложиле и тоа едноставно стана најличната работа – рекол Батлер.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Emma (@deppandpittstan)


Згодниот Батлер почнал да се занимава со глума сосема случајно, кога имал 13 години. Сè започнало благодарение на неговиот полубрат, кој отишол на аудиција на еден саем, а малиот Остин го следел. Тогаш спонтано го прашале дали сака и тој да се пробал во таа улога.

– Не знам што ми се случи тој ден бидејќи бев многу срамежлив, но одговорив „да“ – рекол тој.

Многу брзо почнал да оди на часови по глума, па поради тоа од седмо одделение се школувал дома. Во 2005 година, Батлер ја добил својата прва работа со полно работно време восеријата на Никелодеон „Ned’s Declassified School Survival Guide“, а следувала и гостувачката главна улога во серијата „Hannah Montana“.

Конкуренцијата за улогата на Елвис била голема и интензивна, а Батлер бил подобар од Хари Стајлс, Мајлс Телер и Ансел Елгорт.

Режисерот Баз Лурман открил дека не ја дал улогата на Стајлс бидејќи тој веќе бил голема ѕвезда.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cinephile Club ® (@cinephile.club)


На Филмскиот фестивал во Кан, Остин Батлер рекол:

„Животот го ставив на пауза две години и едноставно впивав се што можев и Елвис ми стана опсесија.“

Тој го посветил целото свое време и енергија за да го совлада ликот и да научи се што можело да се знае за кралот на рокенролот.

Иако посветеноста на Батлер придонела за неговата изведба, тој признал дека тоа не било најдобро за него на лично ниво.

– Можеш да изгубиш контакт со тоа што навистина си, а тоа дефинитивно ми се случи кога завршив со Елвис – повеќе не знаев кој сум – изјави тој за „Џеј Кју“.

По завршувањето на снимањето, на Батлер му било тешко да се ослободи од препознатливиот јужен акцент на Елвис Присли.

– Во тој момент постојано ги прашувам луѓето: ‘Дали ова е мојот глас?’ Тоа е една од оние работи што одредени нешта ги активираат. Кога живееш со нешто две години и ништо друго не правиш, мислам дека не можеш да си помогнеш себеси. Тоа станува дел од твоето битие – додал Батлер.

Улогата на Елвис Присли си го земала и емоционалниот и физичкиот данок.

– Се разбудив во 4 часот наутро со неподносливи болки и итно ме однесоа во болница. Моето тело едноставно почна да се гаси еден ден откако завршив со снимањето на „Elvis“ – рекол Батлер, кому подоцна му бил дијагностициран вирус кој има симптоми слични на воспаление на слепо црево.

Остин веќе две години е во врска со супер-моделот Каја Гербер, која тргна по стапките на нејзината славна мајка Синди Крафорд.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Austin Butler News (@austinbnews)


По „Elvis“ Батлер веќе почна да снима нови проекти. Една од нив е високобуџетната серија „Masters Of War“ на компанијата „Епл“.

Целосна посветеност: Остин Батлер не го видел семејството три години додека се подготвувал за „Elvis“

Златен глобус 2023: „The Banshees of Inisherin“ и „The Fablemans“ со блескава победа на годинашните филмски награди

Модата на Златен глобус: Марго Роби синоним за елеганција, Хајди Клум разочара со кичеста креација

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот