Кои симптоми откриваат дека мора да ја проверите тироидата
Главната функција на тироидната жлезда и причината за нејзиното постоење е производството и лачењето на тироидните хормони Т4 и Т3. Хормоните на штитната жлезда се главните регулатори на организмот и се клучни за вршење на сите процеси што се одвиваат во сите органи и ткива.
Препорачано
Според Американската организација за тироида, здравата штитна жлезда со производството на хормоните му помага на телото при користењето на енергијата, загревањето и го поддржува правилното функционирање на мозокот, срцето и мускулите…
Симптомите се јавуваат кога таа не функционира правилно, што е индикација дека мора да посетите лекар.
Хипотиреоза – симптоми
Според лекарите, класичен симптом на хипотиреоза може да вклучува замор, запек, чувствителност на студ, нередовна менструација, „замагленост во главата“, сувост на кожата или дебелеење, а инциденцата се зголемува со возраста.
Хипертиреоза – симптоми
Претерано активната тироидна жлезда ќе оддава симптоми на прескокнување на срцето, анксиозност, тремор, чувствителност на висока температура, нередовен менструален циклус, отежнато спиење и губење на килограмите. Оваа состојба не е толку честа. Ако сте забележале само еден од овие симптоми, не мора да значи дека имате проблеми со тироидната жлезда.
Важно е да се знае дека сите спомнати симптоми не се многу специфични за тироидната жлезда, но ако сте ги забележале сите, тогаш време е да посетите лекар.
Според Светската здравствена организација жените почесто заболуваат од болести на штитната жлезда, секоја трета жена има јазол на неа, а секоја десетта има некое нарушување на фунцкијата на тироидата.
Тироидната жлезда има потреба од јод за нормално да функционира и да продуцира доволно хормони што му требаат на организмот. Ако не внесувате доволно јод во организмот, можете да го нарушите здравјето и да обезбедите пат кон состојби како што се гушавост или хипотиреоза. Следниве намирници делуваат поволно на тироидната жлезда:
Јогурт – млечните производи се полни со јод, но во нормални количини. Јогуртот со помал процент на масленост е добар избор и обезбедува околу 50 отсто од препорачаниот дневен внес.
Бразилски ореви – тие се богати со селен, кој, исто така, е важен за работата на тироидата. Жените кои реодвно внесуваат селен во организмот имаат помали шанси кај нив да се развие болест на тироидата или гушавост, покажале истражувањата.
Риба – рибата е уште еден добар извор на овој нутриент, а научниците неодамна заклучиле дека луѓето кои живеат далеку од море и рибата не им достапна како намирница, имаат поголеми шанси да развијат гушавост (струма).
Јајца – едно јајце содржи околу 16 отсто јод и 20 отсто селен, што значи дека е совршена намирница за здравјето на тироидата.


