Кои се сопствениците на Јунајтед – семејството Глејзер: Само еден од нив вистински го сака клубот

Џоел, Аврам и Брајан Глејзер/фото: EPA/SIMON BELLIS

Манчестер јунајтед на почетокот од сезоната во Премиер лигата се наоѓа во центарот на англиската јавност поради лошиот старт и двата порази како и поради можноста клубот да добие нов сопственик.

Најбогатиот Англичанец Џим Ретклиф е заинтересиран да купи клубот за кој навива од американското семејство Глејзер.

Актуелните сопственици наводно се подготвени веднаш да го продадат клубот, а конечната одлука мора да ја донесат дури шестмина членови на семејството кои во исто време се и во управата на клубот.

Весникот „Телеграф“ ги претстави шесте членови на американското семејство и открива дека само еден од нив вистински го сака Манчестер јунајтед.

Аврам Глејзер – извршен копретседател и директор на клубот
Аврам Глејзер е најомразената личност меѓу навивачите на Јунајтед, а тоа го почувствува и на првиот натпревар сезонава кога на „Олд трафорд“ против Брајтон беше исвиркан.
Аврам е најстариот син на Малколм кој почина во 2014 година и веќе го презеде управувањето со НФЛ тимот Тампа Беј баканирс која минатата година ја освои титулата. Аврам ја презеде најголем дел од вината пред навивачите на Јунајтед по неуспешниот обид да се формира европска Суперлига која наиде на негодување и кај јавноста и кај фановите и кај англиските власти.
Минатата година тој купи крикет тим.

Џоел Глејзер – извршен копретседател и директор
За навивачите и за дел од управата, Џоел е единствениот од семејството кој му е целосно посветен на Манчестер јунајтед и вистински го сака тимот. Според извори од клубот, Џоел сигурно ќе биде последен член на семејството кој ќе ја крена раката за евентуална продажба на клубот. Џоел заедно со Аврам ги имаат најважните улоги во управата и медиумите шпекулираат дека тој преговара за трансферите на фудбалерите. Тој дури бил противник на евентуалната продажба на Кристијано Роналдо. Сепак, во очите на навивачите на Јунајтед, нанесена е трајна штета откако 55-годишниот Џоел имаше една од клучните ролји во преговорите за „бегство“ од Премиер лигата и формирање на Суперлигата.

Кевин Глејзер – член на Управниот одбор
Фудбалот не е приоритет на Кевин Глејзер бидејќи тој е основач на „Глејзер пропертис“ компанија која управува со комерцијалните имоти на семејството во последните 30 години.

Брајан Глејзер – член на Управниот одбор
57-годишниот Брајан е далеку повеќе инволвиран во функционирањето на Тампа Беј баканирс отколку во Јунајтед. Заедно со Џоел и Едвард, тој косопственик на „Фирст Алиед корпорешјн“ , холдинг компанија која поседува и изнајмува трговски центри низ САД. Во Тампа Беј тој беше клучен човек во изградбата на новиот стадион.

Едвард Глејзер – член на Управниот одбор
Едвард не е инволвиран во функционирањето и работата на Манчестер јунајтед туку целосно е посветен на НФЛ тимот. Исто така е косопственик на “Фирст Алиед корпорешјн“, а има и компанија за продажба на автомобили во САД „УС ауто траст“.

Дарси Глејзер Касевиц – членка на Управниот одбор
Дарси во 2019 година зеде заем од околу 7 милиони долари, а како гаранција ги даде нејзините 393.000 акции во Манчестер јунајтед. И покрај тоа, ги задржа сите права на глас во Управниот одбор бидејќи не го продаде својот удел.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот