Кои региони во Европа имаат најниски, а кои највисоки стандарди?

Меѓу членките на ЕУ, граѓаните на Ирска имале најголема куповна моќ во 2023 година, додека најнизок стандард е забележан во Бугарија, според податоците на Евростат. Бруто домашниот производ (БДП) по глава на жител, според стандардите за куповна моќ (PPS), во Европската Унија во 2023 година изнесувал 38.100 PPS, што е зголемување во споредба со 36.000 во 2022 година.

Стандардот за куповна моќ (PPS) е вештачка валутна единица што се користи за споредување на економските индикатори меѓу земјите на реален начин, бидејќи ги неутрализира разликите во цените. Даблин (139.500) забележа највисоко ниво на БДП по глава на жител во Европа. Покрај Ирска, куповната моќ беше далеку над просекот во Париз (126.900 PPS), Луксембург (90.300), Прага (73.500) и Брисел (72.700). Над нив беше германскиот регион Волфсбург со 136.500 PPS, но според податоците за 2022 година.

Меѓу членките на Европската Унија, најниски вредности на БДП по глава на жител прилагодени за инфлација забележаа бугарските региони Хасково и Силистра – 11.100 и романскиот Васлуј – 12.200 PPS. Меѓу нив беше и францускиот регион Мајот (остров сместен во Индискиот Океан), чија вредност на БДП беше 10.500.

Албанскиот град Љеш има најниска куповна моќ во Европа (7.200). Бруто домашниот производ ја претставува вкупната монетарна вредност на економската активност во една земја, во одреден временски период. Се користи за следење на економскиот раст и споредување на земјите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот