Кои компании се најдобрите работодавачи во светот за 2025 година?

Списанието Форбс објави листа на најдобри работодавци во светот за 2025 година, истакнувајќи ги компаниите кои нудат исклучителни услови за работа, стабилност и можности за професионален развој. Организациите кои се најдоа на листата на Форбс за најдобри работодавци во светот се препознаени по својата деловна култура, иновации и грижа за вработените, што ги прави најпосакувани работодавци на глобалниот пазар на трудот.

На прво место е Мајкрософт, кој е лидер во технолошката индустрија со години. Компанијата е позната по поттикнување на иновации, развој на таленти и создавање инклузивна работна средина. Второто место го зазеде Делта ерлајнс, американска авиокомпанија препознаена по исклучителна услуга за клиентите и големи инвестиции во задоволството и благосостојбата на своите вработени. На трето место е Алфабет, матичната компанија на Гугл, позната по иновативните решенија во дигиталниот сектор и постојаното подобрување на условите за работа. Четвртото место му припадна на Adobe, глобален лидер во креативни и маркетиншки софтверски решенија, кој поттикнува позитивна работна атмосфера и ја поттикнува креативноста кај вработените. На петтото место е BMW, германскиот производител на луксузни автомобили, чиј фокус на одржливост и технолошки напредок им обезбедува на вработените можности за континуиран професионален развој- пишува Бизпортал.

NVIDIA, технолошки гигант специјализиран за развој на графички процесори, го зазема шестото место благодарение на својот акцент на иновации и тимска работа.

Седмото место го зазеде Sony, јапонска технолошка компанија која успешно ги комбинира индустриите за забава, електроника и информатичка технологија, привлекувајќи таленти од целиот свет. На осмото место е IBM, кој се издвојува по својата долгогодишна традиција во ИТ индустријата и разновидните можности за напредување во технолошкиот сектор.

Apple, глобален лидер во дизајнот и производството на електронски уреди, го зазема деветтото место благодарение на својата култура на иновации и високите стандарди во работата со вработените. Листата ја заокружува LEGO, данскиот производител на играчки, кој е препознатлив по својата деловна филозофија заснована на креативност и рамнотежата помеѓу работата и приватниот живот на своите вработени.

Според „Форбс“, овие десет компании ги поставија стандардите за модерна работна средина и покажаа дека инвестирањето во вработените е клучот за долгорочен успех.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот