Кои цвеќиња се садат во октомври: Овие отпорни билки ќе бидат најубави кога ќе биде најладно
Октомври е месец кој носи промени во природата, но и совршено време за садење разновидни цвеќиња. Додека се подготвуваме за зимата, градинарите знаат дека ова е идеално време за садеење растенија кои ќе нè израдуваат со пролетните цвеќиња. Еве кои видови цвеќиња можете да ги засадите во октомври и како правилно да ги негувате, односно да се грижите за нив.
Октомври е совршен месец за садење цвеќиња што ќе ве израдуваат во пролет и есен. Истражувајќи ги различните видови билки што можете да ги засадите, обезбедете ја вашата градина со живописни бои и мириси. Подгответе се за постудените месеци и уживајте во плодовите на вашиот труд во наредните сезони.
Додека се подготвуваме за зимата, градинарите знаат дека ова е идеално време да засадат растенија кои ќе нè воодушеват со пролетни цвеќиња. Еве кои видови цвеќиња можете да ги засадите во октомври и како правилно да се грижите за нив.
Астер
Астерот е едно од најпопуларните есенски растенија што ги збогатува градините со своите шарени цветови. Овие растенија се отпорни на студ и цветаат до првите мразови, а може да се садат и во пролет и во есен.
Изберете сончево или делумно засенчено место со добро дренирана почва. Подгответе ја почвата збогатувајќи ја со компост или ѓубриво за дворови. Растенијата засадете ги на растојание од 30 до 45 см, а длабочината на засадените билки треба да биде слична на висината на корените. Залијте ги со вода по садењето за да се фатат убаво.
Астерот бара редовно наводнување (залевање), особено во текот на сушните периоди. Мулчирањето околу растенијата може да помогне да се зачува влагата и да се намали растот на плевелот. Во текот на сезоната на растење, додавајте течно ѓубриво на секои 4-6 недели за подобар раст и цветање. Наесен, откако цветовите ќе овенат, исечете ги стеблата за да поттикнете здрав раст следната сезона.
Хризантема
Хризантемите се најпознатите есенски цвеќиња кои ги збогатуваат дворовите и терасите. Ова весело растение расте во форма на грмушка и доаѓа во разни бои, од кои најистакната е жолтата, додека портокаловата, црвената и розовата се исто така многу популарни.
Идеално е да се засадат на сончеви места во пролет или рана есен, но треба да се заштитат од силни ветрови. Кога ќе ги засадите, не треба да ги закопате премногу длабоко – само покријте ги корените и обилно наводнувајте по садењето. За време на цветањето наводнувајте ги секојдневно и користете течно ѓубриво за да го подобрите нивниот изглед.
Кога ќе процветаат, скратете ги стеблата, а на крајот на сезоната скратете го растението речиси до земја. Ако планирате да засадите повеќе хризантеми на едно место, оставете растојание од околу 40 см меѓу нив за да имаат доволно простор за растење.
Темјанушки
Ако сакате темјанушки, октомври е вистинско време да ги засадите. Овие растенија можат да преживеат во постудени услови и цвеќето ќе се појави напролет. Засадете ги во добро исцедена (дренерина) почва и обезбедете им малку сенка.
При садењето, поставете го растението на длабочина што одговара на висината на коренот и добро наводнете го.
Одржувајте ја почвата умерено влажна, но внимавајте да не претерате со залевањето, бидејќи прекумерната влага може да предизвика гниење на коренот. Во текот на вегетацијата, хранете го растението со течно ѓубриво на секои 4-6 недели за да поттикнете побуен раст и цветање. Кога цветовите ќе почнат да венеат, исечете ги свенатите делови за да поттикнете нови цветови. Темјанушката и ден и ноќ ќе ве награди со своите прекрасни бои и мириси во текот на целата сезона!
Луковици – лалиња и нарциси
Лалињата и нарцисите се садат наесен, обично од септември до ноември, за да можат да се вкоренат пред зимата и да цветаат во пролет.
Изберете сончево или делумно засенчено место со добро исцедена почва. Лалињата се садат на длабочина три пати поголема од луковицата, а нарцисите на длабочина од околу 15 см. Растојанието помеѓу луковиците треба да биде околу 10 до 15 см.
Откако ќе ја засадите луковицата, добро наводнете ја. Наводнувајте редовно за време на растот, но избегнувајте прекумерно наводнување за да спречите гниење. По цветањето на цвеќето, можете да додавате течно ѓубриво на секои 4-6 недели. По цветањето оставете ги листовите природно да се исушат, бидејќи на тој начин растенијата ги собираат хранливите материи за следната сезона.
Кукурек (зимска роза, божиќна роза)
Ова растение може да цвета и во зима, а неговите цветови внесуваат допир на боја и убавина во студените месеци. Цветаат кон крајот на зимата и раната пролет, па често се наоѓаат пред да се стопи снегот. Поднесува мраз до минус 15 степени Целзиусови, а почвата мора да биде доволно влажна и плодна и да има добра дренажа.
Може да се размножува со семе или вегетативна поделба. Сеење семе се врши доцна во есен или пролет, кога ќе помине цветањето. Доколку сеидбата се врши во оранжерии, треба да им се обезбедат пониски температури за раст. Растението одгледувано на овој начин ќе процвета само за три до четири години. Се одгледува во групи од три до четири растенија.