Кое е најдоброто време да се јаде, да се вежба или да се прекрши диетата - Слободен печат

Кое е најдоброто време да се јаде, да се вежба или да се прекрши диетата

Според едно истражување лицата кои вежбаат наутро пред многу калоричниот појадок, за време од 6 недели воопшто не ја зголемиле својата телесна тежина.

Покрај сите обврски кои ги имаме во текот на денот, вистинско чудо е да најдеме време да се наспиеме, здраво да се храниме и да тренираме. Но, со добра организација, сè може да се постигне.

Најдобро време за појадок, ручек и вечера. Вашиот појадок треба да биде најдоцна до еден час после будењето. После 4,5 часа од будењето би требало да биде вашиот ручек, а неколку часа после ручекот треба да вечерате, велат нутриционистите.

Доколку растојанието меѓу главните оброци е поголемо, толку поголема ќе биде и вашата глад, а колку повеќе имате чувство на глад толку поголеми се можностите да ја прекршите диетата и да земете брза храна која дебелее. Најважното правило кое мора да го почитувате е три часа пред спиење да не јадете ништо, затоа што толку време е потребно да се свари храната.

Прочитајте и...  Храна со моќни афродизијачки својства

Најдобро време за да се мерите на вага. За да добиете најреална информација за вашата тежина, најдобро е да се измерите веднаш по станувањето од кревет. Доколку утрото не ви одговара, тогаш определете одредено време во кое ќе се мерите и придржувајте се до тоа.

Најдобро време за пазарење. Најдоброто време за пазарење е претпладне во 10 часот, бидејќи тогаш ќе бидете со полн стомак. Доколку одите да пазарите и чувствувате глад, а имате ниско ниво на шеќер во крвта, тоа може да влијае на вашето одлучување. Доколку сте гладни додека пазарите многу лесно можете да паднете во искушение да купите нездрава храна како што се грицките и слатките.

Најдобро време за вежбање. Наутро. Според едно истражување лицата кои вежбаат наутро пред многу калоричниот појадок, за време од 6 недели воопшто не ја зголемиле својата телесна тежина. Додека лицата кои вежбале после истиот појадок се здебелиле за 1.5 кг. Со утринските вежби го забрзувате вашиот метаболизам и  трошите повеќе калории во текот на денот.

Прочитајте и...  Елтон Џон го прекина концертот: Падна на клавирот и заплака! (ВИДЕО)

Најдобро време за да го посетите вашиот лекар. Доколку треба да одите на лекар, најдобро е тоа да го направите во утринските часови. Така освен што помалку ќе чекате, ќе го избегнете и гладувањето, велат самите лекари.

Најдобро време за забрзување на метаболизмот. Вистинското време за тоа е 8 часот претпладне, а до тогаш веќе треба да сте станати, да сте се измериле и да сте вежбале. Најдобриот начин за да го забрзате вашиот метаболизам е да испиете една чаша ладна вода веднаш откако ќе станете.

Најдобро време за да ја „скршите“ диетата. Доколку сакате да си попуштите малку на себе и да се почестите со не многу здрава храна, постои вистинско време и за тоа. Јаглените хидрати е најдобро да се земаат за време на појадокот. Најдоброто време за внесување масти е претпладне, во 10 часот. И мастите и јаглените хидрати го зголемуваат нивото на енергија во вашето тело, па така имате цел ден за да ги потрошите калориите.

Прочитајте и...  Тибетанска уметност на лекувањето

Прочитај повеќе

Елтон Џон го прекина концертот: Падна на клавирот и заплака! (ВИДЕО)

Слободен печат

Џорџо Армани, животна приказна раскажана во прво лице

Слободен печат

Љубица Трифунова: Во тренд е негувана и здрава коса и минималистичка шминка

Јасмина Кантарџиева Димков

Паметен шопинг: На кои работи треба да размислуваме кога купуваме на попуст

Слободен печат

Храна со моќни афродизијачки својства

Слободен печат

Салатите можат да дебелеат? Да, еве како

Слободен печат

Остави Коментар

три × три =

Прочитај повеќе

28-дневна Саси диета за брзо топење на мастите

Слободен печат

Тибетанска уметност на лекувањето

Слободен печат

Овие хороскопски знаци никогаш нема да ви простат неверство

Слободен печат

Пет златни совети за совршенo направени мафини

Слободен печат

Во кој период од животот жените најмногу се дебелеат?

Слободен печат

10 најсмртоносни вируси кои сè уште постојат на планетава: Степенот на смртност достигнува и до 100 проценти

Слободен печат