Кобна грешка во болница во Хрватска: Наместо лек, добил средство за дезинфекција и починал

Фото: EPA-EFE/SASCHA STEINBACH

Трагична вест од болницата во Чаковец. За време на рутинска постапка на хемодијализа, почина 62 годишен пациент од застој поради, како што соопштија од болницата, вбризгување на недозволено средство, па министерот за здравство Вили Берош веднаш испрати инспекција за истражување на случајот.

Се шпекулира дека во вените на на 62 годишниот пациент, наместо физиолошки раствор, е инјектирана медицинска хемикалија за дезинфекција, а покрај несреќниот човек, како што пишува dnevnik.hr, биле две медицински сестри.

Претседателката на Управниот Одбор на болницата во Чаковец, Соња Тошиќ Грлач изрази сочувство до семејството на починатиот и потенцира дека двете сестри повеќе не се дел од пресоналот.

Запрашана како воопшто е можно да се случи таква грешка, Тошиќ Грлач нагласи дека дезинфисиенсите во болниците се вообичаени средства што постојано се наоѓаат на количките на медицинските сестри.

– Грешка е можна и, за жал, се случи“, изјави Тошиќ Грлач.

Таа додаде дека ќе биде спроведен професионален интерен надзор, откако се обезбедени изјави од учесниците во немилиот настан.

– Сè ќе биде подложно на анализа. Интерната комисија ќе разговара со сите страни во случајот и ќе донесе мислење по што ќе дојде на ред и инспекција од Министерството“, рече Тошиќ Грлач.

Кобната грешка, според неа, се случила вчеравечер.

– Утрово болницата го извести семејството. Денеска нè посети полицијата, Државното Обвинителство. Нив ги интересира што се случило и чија е вината. Зедоа и некоја документација“ вели Тошиќ Грлач.

Телото на починатиот пациент е превезено во Заводот за судска медицина и криминалистика во Загреб каде треба да се утврди од што точно настапила смртта.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот