Книжевен превод: „Куќата на џамијата“ од Кадер Абдолах

Издавачката куќа „Антолог“ од Скопје во рамките на проектот „Читаме заедно!“ ја објави книгата „Куќата на џамијата“ од Кадер Абдолах (1954), ирански писател што пишува и на холандски јазик. Неговото вистинско име е Хосеин Саџади Гемагами Фарахани. Тој тајно ја проучувал западната литература и го осознавал поимот за слободата. Како студент по физика во Техеран, пишувал за еден нелегален весник и тајно објавил две збирки раскази под псевдонимот Кадер Абдолах.

На холандската литературна сцена дебитирал во 1993 година. Делата на Абдолах се преведени на повеќе од 20 јазици. На македонски јазик досега во издание на „Антолог“ се објавени две книги од Абдолах – „Бележникот на татко ми“ и „Куќата на џамијата“.

Романот „Куќата на џамијата“ е за богатството на иранската култура, суштината на исламот, уметноста, човековата природа, влијанието на радиото и телевизијата. Преводот од холандски на македонски јазик е дело на Ели Пујовска, а графичкото уредување е на Марко Трпески. Книгата е објавена со поддршка на програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија. Авторот Кадер Абдолах беше гостин во Македонија на петтото издание на Фестивалот на европската литература „Букстар 2019“.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 33, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 30-31 мај 2020)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот