Книжевен превод: Книгата „Сага за Олаф Светиот“ е скапоцен камен меѓу исландските саги

Неодамна, од печат излезе книгата „Сага за Олаф Светиот“ од Снори Стурлусон во издание на „ПНВ Публикации“, а преводот од англиски јазик е на Дејан Величковски. Делото се смета за скапоцен камен меѓу исландските саги. Напишана е за кралот Олаф II од Норвешка, односно Олаф Харалдсон, подоцна прогласен за светец и патрон на Норвешка.

Олаф Харалдсон (околу 995 – 29 јули 1030 година), бил крал на Норвешка од 1015 година до 1028 година. Тој бил син на Харалд Гренске и Аста Гудбрандсдотир. Една година по неговото загинување во битката кај Стиклестад тој е прогласен за светец, а неговите останки се зачувани во црквата „Св. Климент“ во Нидарос (Трондхејм). Олаф Харалдсон бил жесток во воведувањето на христијанството меѓу викинзите, а во 1164 година бил и официјално канонизиран од папата Александар III, со што станал универзално признат светец на римокатоличката црква.

Книгата „Сага за Олаф Светиот“ е напишана во 1225 година од исландскиот автор Снори Стурлусон, кој за пишувањето ја искористил сагата напишана од исландскиот свештеник Стирмир Карасон, од која денес се останати само по некои фрагменти, како и усните легенди за кралот Олаф. Сагата содржи бројни цитати од епските песни на скалдите, поети што имале за задача да ја бележат историјата во облик на литература, и така, на некој начин, да ја потврдуваат и веродостојноста на настаните опишани во сагите.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 69, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 20-21 февруари 2021)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот