Клоси: Криминалот во Албанија е тесно поврзан со криминалните ситуации во соседните земји
Поранешниот прв човек на албанската разузнавачка служба и еден од најпознатите експерти од оваа област, Фатос Клоси во интервју за Ора њуз рече дека криминалот во Албанија е тесно поврзан со криминалните ситуации во соседните земји, јави дописничката на МИА од Тирана.
Препорачано
Според него, полицијата е институција во најтешка позиција во земјата, бидејќи секојдневно се соочува со криминал.
– Полицијата секојдневно се соочува со криминал. Криминалот во Албанија е тесно поврзан со криминалните ситуации во соседните земји. И таму Албанците се име. Не е нешто што постои само кај нас, туку и пошироко. Во денешно време криминалот напредува. Плановите ги прават криминалците, а полицијата мора да ги најде овие планови. Криминалот е секогаш чекор напред, вели Клоси.
Тој оценува дека не е лесно да се борите против криминалот, зашто „тој има апсолутна слобода, ја знае ситуацијата дури и во полиција”.
– Во Албанија нема соработка меѓу полицијата и институциите. Соработката со институциите во наше време беше многу позитивна. Обвинителството и полицијата работат за иста цел. Соработката меѓу нив е суштинска, вели Клоси.
Нагласува дека полицијата е институција која има многу напорна работа и посочува дека односот на полицијата со јавноста треба да биде отворен.
Извор: МИА


