Клоп ја подготви листата за отстрел во Ливерпул, на неа е и Мане

Садио Мане / фото: EPA-EFE/Szilard Koszticsak

Ливерпул имаше тешка сезона зад себе која поради многуте повреди не ги исполни очекувањата на навивачите и поради тоа на лето се подготвува чистка во тимот. “Црвените“ во последното коло од Премиер лигата ќе се обидат да дојдат до пласман во Лигата на шампионите доколку го совладаа Кристал Палас, по што менаџерот Јирген Клоп ќе започне реконструкција на тимот.
Германецот веќе има список на фудбалери кои би биле продадени или ќе им биде дозволено да си заминат.

Прв кој ја напушта екипата е Џорџино Вајналдум на кого летово му истекува договорот. Клоп за Холанѓанецот секогаш зборуваше убаво, немаше замерки за него, но сега призна дека нема шанси тој да остане на „Енгфилд“ и следната сезона.
Исто така си заминува и Шаќири за кого интерес пројавува Жозе Мурињо кој од следната сезона ќе седи на клупата на Рома.
Исто така следната сезона нема да има место ниту на Наби Кеита кој не ги повтори игрите од Бундеслигата и се шпекулира дека следен клуб ќе му биде Атлетико Мадрид.
Бидејќи веќе го купи Конате од Лајпциг, Јирген Клоп ќе го врати Озан Кабак назад во Шалке.
Најзвучно име кое може да го напушти „Енфилд“ е и Садио Мане. Во Ливерпул се подготвени да ги слушнат понудате за одличниот напаѓач, а сумата која ја бараат е 70 милиони евра.
Исто така доколку пристигне понуда, може да си замине и Алекс Окслејд-Чембрлен како и Минамино кој е на радарот на Саутемптон.
Што се однесува до евентуалните засилувања, Клоп во својот тим ги сака Педро Нето и Рубен Невеш од Вулверхемптон како и Ив Бисума кој игра за Брајтон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот