Клиниката за ортопедски болести доби реновирана операциона сала вредна 15 милиони денари

Реновирана операциона сала на Универзитетска клиника за ортопедски болести денеска е пуштена во употреба. Станува збор за целосно реновирање на првата операциона сала со помошни простории, соба за одмор и соба за премедикации на околу 150 квадратни метри.

Вкупната вредност на инвестицијата е 15 милиони денари обезбедени од Фондот за здравство и од донации.

Министерот за здравство Фатмир Меџити, кој заедно со премиерот Димитар Ковачевски, присуствуваа на настанот, рече дека на оваа Клиника годишно се изведуваат 1.600 операции, а сега со новата реновирана операциона сала, бројката ќе се зголеми до 2.000 оперативни зафати на годишно ниво.

Меџити нагласи дека оваа сала не била во употреба од 2017 година и со нејзиното реновирање, сериозно се зајакнуваат капацитетите на установата.

– Би сакал да истакнам дека оваа клиника е пример за успешно менаџирање на јавно-здравствена установа. Пред три години комплетно беше реновирана Клиниката, а исто така се изведе и првата трансплантација на коска во државата. Пред еден месец, од Буџетот на Министерството набавивме нов артроскопски столб наменет за пациентите. Редовно се инвестира во нова опрема, импланти и се вложува во здравствените работници, додаде Меџити.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот