Клиничките слики се сè потешки: Ампутирани нозе, уништени бели дробови, срцев удар, се едни од најлошите последици од ковид-19

корона
Коронавирус во Србија/ Фото: ЕПА

Ампутирани нозе, уништени бели дробови, срцев удар, се едни од најлошите последици од коронавирусот, за што сведочат српските лекари.

„Забележавме дека по отворањето на болницата меѓу пациентите две третини се мажи, а сега имаме половина мажи и половина жени. Клиничките слики се сè потешки во однос на развој на акутна тромбоза, или венски или артериски систем, што во значителен број на пациенти резултираа со ампутација на екстремитетите“, изјави д-р Аџиќ Вукичевиќ, а пренесе српски Блиц.

Директорката на ковид болницата во Батајница, д-р Татјајна Аџиќ-Вукичевиќ, вели дека клиничките слики на пациентите стануваат сè потешки и дека кај одреден процент морало да дојде до ампутација на екстремитетите.

Според статистичките податоци, скоро една третина од пациентите со ковид имаат проблеми со згрутчување на крвта, што значително претставува процент на смртност кај пациентите. На почетокот на оваа година, во истата болница, со само 15 дена разлика, дури двајца пациенти морале да бидат ампутирани.

Ова се должи на блокадата на крвните садови, што во поопасни случаи може да заврши со отстранување на екстремитетите. Во не толку ретки ситуации, коагулацијата може да биде многу поопасна од пневмонијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот