Клиентите од Еуростандард ги „нападнаа“ банките (ФОТО)

Скопје, 18 август 2020 / Фото: Драган Митрески - Слободен печат.

Огромни редици се формираат пред банките, откако вратите на Еуростандард останаа затворени, со што останаа заробени и трансакциските сметки на повеќе од 140.000 граѓани, но и на фирми чија бројка Народната банка не ја соопшти.

Скопје, 18 август 2020 / Фото: Драган Митрески – Слободен печат.

Според информациите што се споделија во јавноста, во Еуростандард банката, свои сметки имале и околу 35.000 пензионери и околу 20.000 приматели на социјална помош, кои ако досега немале и друга трансакциска сметка, итно мора да отворат во некоја банка за да може да ја примат својата пензија, односно социјална помош.

Скопје, 18 август 2020 / Фото: Драган Митрески – Слободен печат.

Граѓаните со кои разговаравме пред банките се нервозни, но и уплашени од тоа што им се случи во Еуростандард банката.

Скопје, 18 август 2020 / Фото: Драган Митрески – Слободен печат.

– Имав некоја мала заштеда во банката. Велат дека ќе си ги добиеме парите, но јас сум исплашена. Од друга страна, се плашам и за своето здравје. Морав лично да дојдам во банката, да стојам во редица во време на корона и на жешкото за да извадам сметка. А видете колкав е редот. Потоа, треба да го известам Фондот за ПИОМ за новата сметка. И таму ќе одам лично. Сакам да се уверам дека се е во ред. Уште без пензија ми фали да останам – вели една пензионерка што чекаше ред.

Скопје, 18 август 2020 / Фото: Драган Митрески – Слободен печат.

Но, нервозни се и граѓаните кои имаат да завршат некоја тековна работа во банка.

– Ако е вонредна состојба поради килентите од Еуростандард банка и банкарите треба вонредно да се однесуваат, а не обратно. Порано, оваа банка имаше работното време до 18 часот, а сега го скратиле до 16 часот– нервозно забележува нашиот соговорник.

Скопје, 18 август 2020 / Фото: Драган Митрески – Слободен печат.

Во меѓувреме пак, банките бомбардираат со соопштенија за да дојдат до што поголем број клиенти од пропадната Еуростандард банка. Од Комерцијална банка соопштуваат дека преку брза и едноставна процедура ќе им се одобри дозволено пречекорување на клиенти кои имале активна сметка во Еуростандард банка и на која примале плата или пензија.

Скопје, 18 август 2020 / Фото: Драган Митрески – Слободен печат.

Понудата се однесува на сите бонитетни клиенти кои имаат солиден рејтинг во кредитниот регистар на НБРСМ, односно се класифицирани во ризична категорија А или Б.

Скопје, 18 август 2020 / Фото: Драган Митрески – Слободен печат.

И Стопанска банка а.д. Битола, соопшти дека ќе им излезе во пресрет на клиентите на Еуростандард, И оттаму нудат дозволено пречекорување, а најавија и поволни кредити за сите вработени, како и за пензионери до 75 годишна возраст, приматели на технолошки вишок и приматели на социјална помош – додаток за трето и четврто дете, кои имаат солиден кредитен рејтинг.

Скопје, 18 август 2020 / Фото: Драган Митрески – Слободен печат.

Македонската банкарска асоцијација ја извести јавноста дека во рамките на можностите, сите банки и штедилници максимално ќе се заложат да одговорат на потребите и барањата на сите физички и правни лица коишто биле клиенти на Еуростандард банка, со цел тие да продолжат непречено да ги користат банкарските услуги и производи.

Скопје, 18 август 2020 / Фото: Драган Митрески – Слободен печат.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот