Јоханес Хесфлот Клаебо/EPA/FILIP SINGER

Клаебо ја продолжи доминацијата – освои шести медал на Олимписките игри

Норвежанецот ас Јоханес Хесфлот Клаебо уште еднаш ја потврди својата доминација на Зимските олимписки игри, освојувајќи нов златен медал и на ова издание.

Клаебо триумфираше во нордиското скијање, во дисциплината скијатлон на 10+10 километри, комбинирајќи класичен и слободен стил. Победата ја обезбеди со време од 46:11,0 минути, најбрз на патеката во силна конкуренција.

Ова е шесто олимписко злато во кариерата за норвешкиот скијач, кој досега има вкупно осум освоени медали на Зимските олимписки игри.

Сребрениот медал заврши во рацете на Французинот Матис Делож, кој заостана само две секунди со време од 46:13,0, додека бронзата ја освои уште еден Норвежанец, Мартин Ловстрем Ненгет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот