КК Работнички воопшто не би функционирал без помошта од Општина Центар

Општина Центар со финансиски средства и просторни услови го помага најтрофејниот и најстариот кошаркарски бренд/Фото: kfsm.mk

Нашиот најтрофеен кошаркарски клуб со 15 титули во првенството, Работнички треба да биде гордост на Општината Центар, Градот Скопје и македонскиот спорт воопшто.

Работнички ја информира јавноста дека Општина Центар со финансиски средства и просторни услови го помага кошаркарскиот клуб.

– Почитувани,

Кошаркарскиот клуб Работнички е во 100% сопственост на Општина Центар и затоа најголемата поддршка за развој на клубот, но пред сè на младите генерации е должност на самата општина.

Освен со финансиски средства Општина Центар го помага најтрофејниот и најстариот кошаркарски бренд и со просторни услови.

Обезбедување на средства и просторни услови е сè со цел да се заокружи целиот процес од најмалите генерации до првиот тим кој е гордост на општината, Градот Скопје и македонскиот спорт воопшто.

КК Работнички е гордост на Општина Центар, Градот Скопје и македонскиот спорт воопшто/Фото: Принтскрин/facebook.com/KK.Rabotnicki.Skopje

Без оваа помош Работнички воопшто не би функционирал, а можно е и да не постои.

Ако некој смета дека треба да му се ускратат правата на Кошаркарскиот клуб Работнички од неговиот основач нека го каже тоа јавно но, и воедно нека понуди алтернатива како ќе опстои и функционира најтрофејниот бренд во македонската кошарка или пак имаат за цел КК Работнички воопшто да не постои – известуваат од КК Работнички.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот