КК Работнички има нов спонзор со најава за враќање на старата шампионска слава

Беше промовиран новиот дрес на капитенот на КК Работнички, Горјан Марковски/фото: centar.gov.mk

Видеолотарија Касинос Австрија од денеска е нов спонзор на КК Работнички. Ова ново спонзорство е дел од посветеноста на компанијата кон промовирање на вредностите поврзани со спортот.

– Како општествено-одговорна компанија, со задоволство ја споделуваме информацијата дека во иднина ќе бидеме дел од спонзорскиот тим на Работнички. Како одговорна и модерна компанија веруваме дека најдобриот начин да придонесеме за нашата заедница, е да вложуваме во неа. Во таа насока, остануваме посветени на реализирањето на нашите цели, амбициозна поддршка на спорт, со што заеднички придонесуваме за градење на спортски вредности. Со оваа соработка, преку овој спонзорски договор, нашата компанија силно верува дека во многу скоро време, сите заедно ќе се радуваме на успесите на кошаркарите на Работнички – нагласуваат од Видеолотарија.

Директорот на КК Работнички кој воедно е и една од најголемите легенди на клубот, Горан Веселиноски изрази благодарност за поддршката.

– Благодарни сме на добиената помош, со која продолжуваме по патот кон враќање на старата шампионска слава на нашиот клуб – изјави Веселиновски.

По потпишувањето на договорот за спонзорство, на прес-конференција беше промовиран новиот дрес на капитенот на КК Работнички, Горјан Марковски.

Претходно, КК „Работнички“ потпиша четиригодишен договор за спонзорство и со српскиот оператор „Мтел“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот