ВИДЕО | Доаѓаат убави денови за КК Работнички – српски „Мтел“ влегува во клубот со 1.4 милиони евра!

Фото: Screenshot/Фејсбук

Најтрофејниот македонски кошаркарски колектив, екипата на КК Работнички најавува враќање на победничките патеки. Како и што вчера беше најавено, денес се потпиша договор со српскиот телекомуникациски гигант „Мтел“.

На денешната прес-коференција градоначалникот на Центар Горан Герасимовски, соопшти и детали од соработката. Покрај домаќинот Герасимовски на прес-конференцијата присуствуваа македонскиот премиер Димитар Ковачевски, генералниот директор на „Телеком Србија“, Владимир Лукиќ како и претставници на телекомуникацискиот гигант во нашата држава.

Спонзорството за Работнички ќе донесе сума од 1.4 милиони евра во наредниот период од четири години. Главниот заклучок од одржаната прес-конференција е дека овој договор е почеток на патот на враќање на Работнички во врвот на македонската кошарка.

„Станува збор за ново поглавје, ново партнерство на нашиот најтрофеен клуб, најголемиот бренд на Центар и еден од најпрепознатливите спортски колективи во нашата држава. Заложбата ќе биде повторно да го вратиме Работнички на старите победнички патеки. Со спонзорството од „Мтел“ обезбедуваме сигурна иднина за најтрофејниот кошаркарски колектив“, изјави Герасимовски.

Во последните десет години Работнички само еднаш беше шампион на Македонија и тоа во 2018 година, преостанатите девет титули завршија кај МЗТ Скопје.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот