Тимот од Градски парк ќе продолжи во сезоната со нови засилувања со кои ќе атакува на добар резултат во АБА2 лигата, како и на домашната сцена.
Работнички ангажираше тројца странски играчи, Мирко Мулалиќ кој доаѓа од Словенија и игра на бековската позиција.
Потоа, нов центар е 27-годишниот Хрват Филип Бундовиќ, а тука е и Американецот Рајнер Торнтон, високи 199 см.
Торнтон инаку настапува како крило, претходно беше дел од Универзитетот Мемфис и за првпат ќе игра на европско тло.
Моментно во АБА2 лигата Работнички е на претпоследното 13 место со девет бодови.