КК Куманово 2009 исфрлен од Втората кошаркарска лига на Македонија

Фото: kfsm.mk

Кошаркарскиот клуб Куманово 2009 денеска официјално беше исфрлен од Втората кошаркарска лига во Македонија, потврди КФСМ.

Исфрлањето во Втора лига веројатно значи крај на постоењето на клубот кој во изминатата деценија одигра важна улога во македонската кошарка. Куманово играше финале во Првата лига во Македонија во сезоните 2015 и 2016 година каде што на двапати губеше од МЗТ Скопје Аеродром.

Но, треба да се истакне дека не значи и крај на кошарката во Куманово бидејќи се појави нов клуб кој од клупата го предводи поранешниот македонски селектор Маеин Докузовски.

„Поради неподмирени надоместоци и патни трошоци за службените лица, неплатени две котизации за натпреварување и долгувања од минатата сезона, за кои на Куманово 2009 му биле дадени неколку рокови, а истите не биле испочитувани, го загубила службено натпреварот со екипата на КК „Шкупи“ во склоп на 16. коло од Втората лига – мажи со резултат 20-0. Согласно членовите 47, 52.2 и 61.10 од Пропозиции за натпреварување во Сениорските лиги, поради два загубени натпревари со службен резултат, екипата на КК Куманово 2009 ќе се исклучи од понатамошното натпреварување во Втората лига мажи. Бодовите на екипата на КК Куманово 2009 се бришат согласно член 34 од Правилникот за натпреварување во Сениорски лиги“, објави КФСМ во денешниот билтен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот