Зуица, Наум и Макеоднска - Фото: Facebook

ФОТО | Ќерката на Наум и Зуица преубава во венчален фустан, пријателите честитаат и ја фалат

Убава и успешна е ќерката на Наум Петрески и на Зуица Лазова, Македонка, и прекрасно изгледа во венчален фустан. Таа е дипломирана соло-пејачка која студираше во класата на оперската првенка Весна Ѓиновска-Илкова.

Македонка е сега членка на Младинскиот женски хор при МКЦ и често објавува слики од своите настапи со хорот или соло.
На една од своите објави на Фејсбук, Македонка е облечена во неколку венчални фустани од охридски бутик, кој го рекламира, а пријателите ѝ честитаат и ѝ порачуваат дека прекрасно изгледа.

Во една прилика, на ТВ Сител, Зуица Лазова раскажа дека е многу врзана за својот роден град Штип и секогаш кога е во можност оди таму да го посети семејството.

– Имавме навистина прекрасно детство, моите убаво нѐ воспитуваа. И јас и Наум се трудиме, но мислам дека нема да успееме да го обезбедиме она што ние сме го поминале како деца. Да им обезбедиме една безгрижност и сигурност – рече Зуица Лазова.

Наум и Зуица имаат и син кој оди по нивните стапки. Тој е млад музичар, средношколец, ученик во ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“.

– Македонка е определена за класичната музика и засега не покажува интерес да пее нешто друго. Јас не инсистирав воопшто, како што, на пример, не инсистирав ни кај Стефан, кој реши да не оди на гитара, а одеше шест години. Тој продолжи на фолклорниот оддел во ДМБУЦ. Се радувам многу, но се трудам таа моја радост да не ја покажувам за да не направиме контраефект – рече Зуица во едно интервју за „Слободен печат“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот