ФОТО | Ќерката на Брус Спрингстин освои сребрен медал на Олимписките игри!

Џесика Спрингстин (29), ќерка на рок иконата Брус Спрингстин и пејачката Пети Скиалфа, се враќа дома од Токио со сребрен медал, и тоа од нејзините први Олимписки игри во животот.

„Ова се нејзините први олимписки игри! Апсолутно неверојатно!“, не го криел воодушевувањето долгогодишниот пријател на Спрингстин и член на групата „Е-стрит“, Стивен Ван Занд.

– Мојот коњ прекрасно скокаше, воодушевена сум од тоа – рекла 29-годишната Џесика Спрингстин, која јава уште од дете, а љубовта кон коњите ѝ ја пренела нејзината мајка Пети.

Jessica Springsteen

     ФОТО: Профимедиа

Американската репрезентација освои сребрен медал во дисциплината екипно јавање, додека златото им припадна на Швеѓаните.

По доделувањето на медалите, со кои се закитила заедно со соиграчите Лаура Краут и Меклејн Вард, Џесика прво го му се јавила на семејството.

 

– Се слушнавме набрзина преку ФејсТајм, сите викаа од среќа, мислам дека ништо не се разбравме. Ги видов во маици на американската репрезентација, се слушаше само викање. Не ги разбирав многу, но видов колку беа возбудени – рекла Џесика по освојувањето на медалот.

„Дефинитивно се потресов. Беше супер возбудливо. Мојот коњ прекрасно скокаше, а сите дадовме сѐ од себе на теренот“, додала ќерката на Спрингстин, која пред неколку дена не се прослави во индивидуалната дисциплина.

Во моментов, Џесика е 14-та во светот и јава на 12-годишниот пастув Дон Хуан Ван де Донкхуве, со кого веќе освоила бројни турнири. Сега со него го оствари својот најголем сон – се враќа дома со медал околу вратот.

Џесика дипломирала психологија на Универзитетот Дјук, а секогаш истакнувала дека не сака јавноста да ја знае исклучиво како ќерка на славниот Брус Спрингстин.

Таа секогаш велеше дека не сака да биде позната само како ќерка на Брус Спрингстин. Сакаше да остави свој белег и на добар пат е. Благодарение на својот талент, таа е една од најперспективните во својата категорија – рекла легендарната американска јавачка и освојувачка на златен медал на Олимписките игри во 1984 година, Мелани Смит Тејлор.

Спорт за богаташите

Занимавањето со коњички спортови е привилегија на богаташите. Имено, за да го имате најдобриот коњ, во просек ќе издвоите околу 10 милиони долари, додека за седло по нарачка можете да платите од 5.000 па сѐ до 300.000 долари. Освен Џесика Спрингстин, со јавање се занимаваат и ќерките на Стив Џобс, Бил Гејтс, наследничката на империјата на семејството Оназис, ќерката на Стивен Спилберг, но и на Роман Абрамович.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот