Ќерката на Антонио Бандерас се откажува од презимето

стела бандерас
Фото: Принтскрин / Instagram

Ќерката на актерите Мелани Грифит и Антонио Бандерас, Стела Бандерас Грифит, поднела барање за менување на своето име, со тоа што сака да го избрише презимето на својата мајка.

25-годишната манекенка и претприемач, која ги носи презимињата од двајцата родители, веќе поднела барање до суд во Лос Анџелес со кое ќе се изостави презимето „Грифит“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by NoShadeRoom (@noshdrm)

Барањето на младата актерка, чии родители се меѓу најпознатите актери во Холивуд, ги разгоре гласините за состојбата на односот кој таа го има со својата мајка, актерката Мелани Грифит.

Стела, чие официјално целосно име е Стела дел Кармен Бандерас Грифит, вели дека барањето е само од потребата да се скрати долгото име, бидејќи и онака таа вообичаено го изостава „Грифит“ во секојдневната употреба.

„Јас вообичаено не го користам „Грифит“ кога зборувам за себеси или во документи. Така што, изоставањето на презимето само ќе ја отслика регуларната употреба“, изјавила Стела.

Мелани неодамна сподели фотографија на која е забележлива блискоста меѓу Стела и нејзиниот татко Антонио, кога тие присуствуваа заедно на филмскиот фестивал Сан Себастион во Шпанија.

„Татко и ќерка“, напиша гордо Мелани Грифит.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MELANIE (@melaniegriffith)

Стела е родена во Шпанија и е сестра на актуелната актерката Дакота Џонсон и Александер Бауер, од претходните бракови на нејзината мајка, со која до сега не е познато дека имаат „растресени“ односи. Таа го оствари своето актерско деби во 1999 година со филмот „Crazy“ во Алабама во кој глумеше заедно со својата мајка, а филмот беше режиран од нејзиниот татко.

Грифит и Бандерас беа легендарна актерска двојка која се венчаше во 1996 година, а се разделија во 2015 останувајќи добри пријатели.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот