Ќе се вратат ли „Цар Борис“ и „Ванчо Михајлов“: Ретроактивноста на измените на Законот за здруженија е пред Уставниот суд
Уставниот суд денеска ќе ја разгледува иницијативата на битолчанецот Љупчо Георгиевски, претседател на згаснатото здружение „Иван Михајлов“, а поднесена преку адвокат Насер Рауфи, за ретроактивното важење на законските измени на Законот за здруженијата и фондациите.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Од Уставниот суд издвојуваат дел од наводите во иницијативата:
„Подносителот наведува дека оспорената одредба има ретроактивно важење и создава правна несигурност, затоа што се предвидува во рок од три месеци веќе регистрирани здруженија или фондации да ги усогласат името, назиот, програмата, целите и дејностите со оспорениот Закон. Се наведува дека Здруженијата кои веќе се регистрирани ги губат своите права“, сооппти Уставниот суд.
Со измените на овој закон донесени во ноември 2022 година сите здруженија мораа да се пререгистрираат според нови правила, според кои во називот на здружението не смее да се содржат имиња на лица поврзани со фашизам, нацизам, Третиот рајх и други. Здруженијата на Бугарите во Македонија, битолското „Иван Михајлов“ и охридското „Цар Борис“ не се пререгистрираа во законски предвидениот рок од три месеци, односно не си ги сменија скандалозните имиња, заради што беа избришани од Централниот регистар.


