Ќе се плива ли повторно во руинираниот базен во Сарај?

Фото: Општина Сарај

Стариот руиниран базен со спортско-рекреативниот центар „Сарај“, кој пред многу години во летните месеци, освен езерото „Треска“, беше едно од омилените собиралишта на скопјани, се најавува дека е можно повторно да заживее.

Општина Сарај соопшти дека по барање на општината, Владата донела одлука базенот да помине под надлежност на Општината.

Имајќи ја предвид состојбата на демолираниот базен и околните објекти кои не се во функција повеќе од 30 години, сега со менаџирањето на Општина Сарај се отвораат можности овој базен да се ревитализира и повторно да стане атракција за жителите – информираат од Сарај.

Како што посочуваат од Општината, реновирањето на базенот ќе одигра важна улога во привлекувањето на туристи во оваа зона, што значително ќе влијае и за економскиот развој на општината и локалните бизниси. Оттаму додаваат дека ревитализацијата на стариот базен може да обезбеди бројни придобивки, меѓу кои зголемување на вредноста на имотот во околината, зголемени даночни приходи за општината, развој на спортски активности, како и други еколошки придобивки.

Инаку, состојбата со базенот е катастрофална, сосема е распаднат и вон употреба со децении. Фотографиите кои општината ги сподели најдобро ја отсликуваат постоечката состојба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот