Ќе гледаме нов спектакл за многу пари: Мајк Тајсон повторно влегува во рингот
Двете големи боксерски имиња, Мајк Тајсон и Флојд Мејведер, ќе се соочат во рингот во егзибициски меч што ќе се одржи следната година. Организаторите го најавуваат како настан кој се случува „еднаш во животот“, а јавноста е веќе поделена.
Препорачано
Тајсон, кој до почетокот на мечот ќе има 59 години, не го криеше своето изненадување што Мејведер (48) се одлучил на ваков чекор.
„Искрено, сè уште не ми се верува дека Флојд навистина сака да влезе во рингот со мене. Ова може да биде ризик за неговото здравје, но тој беше решителен. Сега е официјално“ потврди Тајсон, некогашниот најстрашен човек на планетата.
Од другата страна, непоразениот Мејведер исто така е полн со самодоверба.
„Боксувам веќе три децении и никој досега не успеа да ја наруши мојата оставнина. Ако веќе влегувам во ринг, тоа мора да биде нешто спектакуларно. Оваа егзибиција ќе им го даде на фановите токму она што го посакуваат“, изјави Мејведер.
Иако борбата предизвика огромен медиумски интерес, реакциите од боксерските кругови се мешани. Дел од јавноста го поздравува настанот како ретка шанса да се видат две легенди лице в лице, додека други остро го критикуваат и го нарекуваат „смрт за вистинскиот бокс“ и „крај на спортот“.


