Кинезите не заобиколуваат затоа што им треба виза

фото: Слободен печат

Се зголемува бројот на домашни и странски туристи, но се уште има многу неискористени можности за да се заработат што повеќе пари од туристите. Треба да се работи на развој на алтернативиотн туризам, но има и бариери, како на пример виза за туристите од Кина.

Ова беше кажано на трибината „Стратешки развој на туризмот и угостителството за поголеми економски ефекти“, што се одржа во Стопанската комора.

фото: Слободен печат

– Бројките се добри и за минатата и за оваа година, а тоа значи имаме зголемување и на ноќевањата, и на странските и на домашните туристи за 4,8 проценти. Она што го очекуваме е зголемување на процентот во БДП-то, кој лани беше 1,7 посто, а сега очекуваме 2 – 2,5 проценти. Нашата цел е до 2023 година да го подигнеме 5 проценти. Затоа продолжува владината поддршка која во 2020 ќе изнесува 36 милиони денари – рече државниот советник во Министерството за економија, Зоран Павловски.

Директорот на Агенцијата за промоција на туризмот, Љупчо Јаневски рече дека идната година ќе бидат фокусирани на комуницирање со слободните патувачи и на промоцијата на винскиот туризам.

– Дополнително ќе ги означиме и 10-те најкачувани врвови во државата– потенцираше Поповски.

Тој потсети дека почнува онлајн промоцијата на македонските туристички потенцијали низ балканските земји, а стартот е од Словенија и Бугарија.

– Ќе бидеме 100 отсто онлајн присутни на најпосетените портали, а комуницираме и со блогери. Во 2020 година очекуваме да не посетат повеќе слободни патувачи. Нашата земја е можеби последната неоткриена дестинација во Европа – истакна Јаневски.

Елена Младеновска, директорка на Здружението „Вина од Македонија” дополни дека компетитивна предност на земјава се винскиот и гастро-туризмот и дека при промоцијата фокусот треба да се стави тука, но притоа е неопходно да се создадат и услови од страна на државата.

– Кинеските туристи се присутни во регионот, но земјава ја заобиколуваат зашто за влез им треба виза- посочи Младеновска.

Прогнозата е дека наредната година земјава да ја посетат над 1,3 милиони туристи и ќе се приближиме до бројката од четири милиони ноќевања што укажува дека девизниот прилив треба да биде над 400 милиони долари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот