Кинескиот потрес од коронавирусот е цунами за европскиот туризам

Во областите погодени од коронавирусот владее општа паника, поради која се празнат рафтовите на супермаркетите и аптеките. Сето тоа придонесува за развивање на елементарно чувство, односно дали ние во Македонија треба да ги изведуваме туристичките патувања од земјава, и покрај големите загуби на светскиот туризам.

Гостин во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ беше директорот на Агенцијата за туризам, Љупчо Јаневски, кој истакна дека во 2019 година имало 1,5 милијарди туристи во светот, а доколку се земе во предвид дека Франција со 86 милијарди е првата посетена земја во Европа, а европскиот континент е 51% од вкупниот број на туристи, тогаш би можеле да претпоставиме каков е ефектот.

-Ако 180 милиони азиски туристи патуваат во светот и во овој момент тоа не го прават, само Франција во овие два месеци губи 30-40% од вкупните патувања и туристи. Сега успешноста ќе се мери во помалиот минус на туристичките дестинации. Кај нас до мај се стопирани сите азиски тури од големите тур оператори кои што се движат по балканските тури или народно кажано „бела чао“ турата, рече Јаневски.

На прашањето како тур-операторите се прилагодуваат на новите услови, тој кажа дека голем број ангажмани се откажани.

-Во овој момент би спомнал дека се работи за отприлика 350-450.000 само кинески туристи, кои на годишно ниво го посетуваат Балканот. Или околу 1 милион туристи од Азија, кои годишно гравитираат на ова поле. Тие традиционално патуваат од декември, јануари, февруари, март, април и во овој момент се стопирани овие тури, изјави Јаневски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот