Кинеската армија забранува автомобили на Тесла поради камери

Кинеската армија забрани да се користат автомобили на американската компанија „Тесла”, кои имаат вградено камери, бидејќи властите се плашат дека тие можат да собираат доверливи податоци.

Според наредбата издадена од кинеската војска, сопствениците на автомобили „Тесла” треба да ги паркираат своите возила надвор од воените простории.

Претставникот на „Тесла” во Кина одби да ги коментира информациите, а кинеското Министерство за одбрана не одговори во врска со таа информација.

Тесла”, како и другите производители на автомобили, користи неколку помали камери, главно поставени на надворешната страна на возилото, за да го олесни паркирањето, да овозможи функции на автопилот и на автономно возење.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот