Кина егзекутираше Французин осуден на смрт во 2010 година за продавање дрога – Франција изрази згрозеност

Кина егезуктираше француски државјанин, осуден на смрт во Кина во 2010 година за трговија со дрога, соопшти во саботата француското Министерство за надворешни работи, изразувајќи „згрозеност“.

Егзекутиран е 62-годишниот Шан Тао Фуми, пренесува „Лемонд“, Французин роден во Лаос, „и покрај напорите на француските власти, вклучително и обидите да се издејствува помилување по хуманитарна основа за нашиот сонародник“, се наведува во соопштението на министерството.

Неговиот одбранбен тим немал пристап до последното судско рочиште, што претставува повреда на неговите права, додава министерството. Казната била извршена во Гуангџоу, во јужниот дел на Кина.

Министерството повторно ја потврди француската позиција против смртната казна „насекаде и во сите околности“ и повика на „нејзино универзално укинување“.

Кина со години се смета за земја што извршува најмногу смртни казни во светот, но точните бројки се државна тајна; „Амнести интернешнел“ вели дека и натаму станува збор за илјадници егзекуции годишно, а меѓу делата за кои може да се изрече смртна казна е и трговијата со дрога.

Смртна казна за поранешен кинески директор фатен во корупциски скандал

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот