Смртна казна во Кина - Извор Х

Смртна казна за поранешен кинески директор фатен во корупциски скандал

Во Кина, Баи Тианхуи, поранешен извршен директор на компанијата за управување со финансиски средства „Чајна хуаронг интернешнл холдингс ЛТД.“, е погубен откако беше осуден за примање мито во вредност од 156 милиони долари, јави Ројтерс.

Погубувањето е извршено во општината Тјанџин во северна Кина по одобрение од Врховниот народен суд, според државната новинска агенција Синхуа.

Детали за злосторството

По прегледот, Врховниот народен суд утврди дека Баи ја злоупотребил својата положба помеѓу 2014 и 2018 година за нелегално да прими мито во вкупен износ од 1,108 милијарди јуани (речиси 157 милиони долари). Врховниот народен суд пресуди дека злосторствата на Баи се особено сериозни и ја потврди пресудата на Вишиот народен суд во Тјенџин со која се потврдува смртната казна. На Баи му беше дозволено да се сретне со своите роднини пред неговата егзекуција.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот