Ким Катрал, Мелиса Гилберт и другите колеги се простија од Мишел Трактенберг: „Почивај во мир убавице“
Мишел Трактенберг ненадејно почина, а нејзината смрт одекна низ Холивуд. Бројни познати личности ѝ оддадоа почит на актерката откако полицијата во Њујорк ја потврди нејзината смрт на 39-годишна возраст на 26 февруари.
Препорачано
По веста за нејзината смрт, бројни колеги и обожаватели споделија спомени и проштални пораки на социјалните мрежи. Актерката Мара Вилсон објави кратка, но трогателна порака на нејзината приказна на Инстаграм.
„Срцето ми се кине за мојата пријателка од детството“, напишала покрај фотографијата. „Сеќавањето за тебе ќе биде благослов, Мишел“, додаде таа.
Сочувство до колешката искажала и Ким Катрал, позната по улогата во серијата „Сексот и градот“.
View this post on Instagram
„Ова ми го скрши срцето. Толку талентирана, замина прерано“, напиша таа во коментар под објавата на Variety на Икс.
„Почивај во мир убавице“, додаде таа. Не долго потоа, Катрал објави уште една проштална објава на Инстаграм. Покрај фотографијата од нив двете од филмот „Ice Princess“, таа напиша: „Почивај во мир драга Мишел“.
Кенан Томпсон ја памети Мишел како „првата филмска ѕвезда на Никелодеон“ објавувајќи клип од нив двајца на програмата на Никелодеон, како и стара заедничка фотографија. “Нашата прва филмска ѕвезда Ник нè напушти!! Ми беше пријателка, а сега почива во мир! Грижете се за своите луѓе”, напиша Томпсон.
View this post on Instagram
Џејмс Марстерс, нејзиниот колега од „Buffy the Vampire Slayer“, сподели проштална порака. „Денес ми е тешко во срцето. Изгубивме прекрасна душа. Мишел беше неверојатно интелигентна, заразно духовита и многу талентирана. Замина прерано. оставајќи зад себе многу кои ја познаваа и сакаа. Моите мисли се со нејзиното семејство, прекрсани луѓе кои го преживуваат најголемиот губиток. Се надевам дека сите ќе им дадат простор да се носат со оваа болка. Среќен пат Мишел. Ќе ни недостасуваш“, напишал Марстерс.
Мелиса Џоан Харт се прости и со објавување на сцена од серијата „Clarissa Explains It All“, во која глумеа заедно. „Потресена сум од веста за смртта на Мишел Трактенберг. Толку млада, толку талентирана и толку слатка! напиша таа во описот“. Таа додаде сеќавање од снимањето: „Мислам дека ова беше во 1992 година, а епизодата беше заснована на мојата идеја да чувам кошмар дете. Но, Мишел не беше ништо како нејзиниот лик – дури и на таа млада возраст, одлично се согласувавме“, рече таа.
View this post on Instagram
Актерот на „Glee“, Крис Колфер се потсети на Мишел и нивната близок однос.
„Мишел беше неверојатно љубезна и една од најсочувствителните луѓе што сум ги познавал. Многу сум среќен што успеав да ја наречам пријателка“, рече тој.
Актерката Мелиса Гилберт сподели фотографија од нивниот заеднички филм од 1996 година, Празник за љубовта, со емотивно збогување: „О, Миши… И живеевме толку блиску една до друга. Моето срце се кине за твоето семејство и за сите што те сакаа“, напиша таа.
View this post on Instagram
Мишел почина од природна смрт, а можните компликации по трансплантацијата на црн дроб можеби придонеле за нејзината смрт, изјавија полициски извори за ABC News.
Мишел, која имала 39 години, била пронајдена мртва во својот стан во Њујорк во средата наутро, околу 8 часот по локално време. Телото го открила нејзината мајка во стан во близина на Колумбус Сиркл. Полицијата за медиумите потврди дека во нејзината смрт нема елементи на кривично дело. Ќе се изврши и обдукција.


