Кил – ПСЖ, судир на ракометните гиганти во четвртфиналето на ЛШ
Вечерва се комплетираа осумте учесници во четвртфиналето во ракометната Лига на шампиони, но за жал по шест последователни пласмани меѓу осумте најдобри, овој пат ќе го нема Вардар. Во четвртфиналето ќе играат Барселона – Мешков Брест, Нант – Веспрем, Фленсбург – Алборг и Кил – ПСЖ.
„Црвено-црните“ се елиминирани од унгарскиот Веспрем кој во четвртфиналето ќе игра против Кире Лазаров и Нант кои беа поуспешни од Киелце.
Вардар ја заврши европската авантура со нов пораз од Веспрем
ПСЖ без многу проблеми дојде и до вториот триумф во дуелите со Целје. Овој пат „светците“ славеа со 31:24. Најефикасен во тимот на ПСЖ беа Дилан Нахи со седум и Недим Ремили со пет гола. Токму ПСЖ ќе го игра дербито во четвртфиналето и тоа против актуелниот европски шампион Кил кој со двата натпревари со идентични 33:28 беше подобар од Пик Сегед.
Екипата на Брест Мешков го оствари најголемиот успех во ЛШ откако по победата од 30:23 над Мотор се пласира меѓу осумте најдобри и во битката за пласман на фајналфор турнирот ќе играат против Барселона.
Подвиг на Лазаров и Нант, го совладаа Киелце за пласман во четвртфинале