Вардар ја заврши европската авантура со нов пораз од Веспрем

epa09051967 Stojance Stoilov (R) of Vardar in action against Sandro Obranovic (L) of Brest during the EHF Champions League handball match between HC Vardar 1961 and HC Meshkov Brest in Skopje, Republic of North Macedonia, 04 March 2021. EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Ракометарите на Вардар ги завршија настапите во Лигата на шампионите откако и во вториот натпревар од осминафиналето во ЛШ загуби од Веспрем. Унгарскиот тим во реваншот славеше со 39:30, но работите беа решени уште на првата средба во Скопје  која заврши со 27:41.

Токму поради високата победа на првата средба, и двете екипи влегоа во овој натпревар поопуштено без бремето кое го носи резултатот и „црвено-црните“ прикажаа далеку подобра игра. Воведните минути поминаа во израмнета игра, а Веспрем со серијата од 3:0 поведе со 9:6 и постепено ја зголемуваше разликата. На одмор се замина со пет гола негатива за Вардар 20:15.
Унгарците рутински го одработија второто полувреме, прво направија предност од десет гола (30:20) по што го намалија темпото, по што Вардар успеа да намали на 31:25. Но, серијата грешки во финишот ги чинеше нов висок пораз, овој пат од девет гола 39:30.

Стоилов и Дибиров постигнаа беа најпрецизни кај Вардар со по пет постигнати голови, додека Чупиќ и Шеваљевиќ дадоа по четири, а на спротивната страна Шишкарев и Нилсон дадоа по шест гола. Екипата на Веспрем во четвртфиналето на ЛШ ќе игра против Кире Лазаров и Нант.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот