Киев: Русија само вчера изгуби повеќе од илјада војници
Русија изгуби околу 1.360.110 војници од почетокот на инвазијата на Украина на 24 февруари 2022 година, објави утрово Генералштабот на украинските вооружени сили. Оваа бројка ги вклучува загубите на 1.160 војници што ги претрпеа руските сили во последните 24 часа, пишува „Киев индепендент“.
Препорачано
Според украинскиот извештај, Русија изгубила и огромна количина воена опрема од почетокот на војната. Се наведува дека изгубила 11.956 тенкови, 24.625 оклопни борбени возила, 42.832 артилериски системи и 99.906 возила и цистерни за гориво.
Списокот на уништена опрема вклучува и 1.806 повеќекратни ракетни системи, 1.397 системи за воздушна одбрана, 436 авиони, 353 хеликоптери, 314.902 беспилотни летала, 1.492 копнени роботизирани системи, 33 воени бродови и чамци и две подморници.
Украинскиот Генералштаб не објавува податоци за сопствените жртви, повикувајќи се на оперативна тајност. Сепак, независните извештаи од западните институти сугерираат дека руските загуби се значително поголеми од украинските.
Центарот за стратешки и меѓународни студии (ЦСИС) во Вашингтон проценува дека односот на руските и украинските жртви е „приближно 2,5:1 или 2:1“.
Во извештај објавен во јануари оваа година, ЦСИС процени дека Украина веројатно претрпела помеѓу 500.000 и 600.000 жртви од февруари 2022 година до декември 2025 година. Од овој број, се смета дека помеѓу 100.000 и 140.000 војници загинале во борба.
Украина нападна фабрика за авиони, воздухопловна база и рафинерија, а Русија собори 140 дронови


