Кичевски: ПОЦ во чекор со светките стандарди

– Одржувањето на јавната чистота преку селективното одложување отпад, собирањето и неговото рециклирање е од големо значење за обезбедување на здрава и чиста животна средина во општината. Затоа, ЈП ПОЦ и Општина Центар во 2020 година ќе го воведат светскиот тренд во рециклирањето – повратни вендинг машини за пластични и стаклени шишиња со цел да ги мотивираат жителите да се вклучат во овој процес. До крајот на 2020 година ќе бидат поставени 27 повратни вендинг машини кои локациски ќе бидат распределени низ целата територија на општина Центар, изјави во Утрински брифинг на „Слободен печат“ Васко Кичевски, директор на Паркинзи општина Центар.

Тој додаде дека веќе се набавени 9 машини од планираните 27 и ќе започнат со нивно поставување на почетокот на месец март.

– На овој проект работиме повеќе од една година и сметам дека ќе има големо влијание не само на развојот на нашето претпријатие, туку и за подигање на свеста кај граѓаните од потребата за рециклирање. ПОЦ се дигитализираат. Сите жители кои ќе се вклучат во процесот на селективно одложување отпад ќе добијат субвенции од општината во замена за пластични и стаклени шишиња односно за секое шише ќе добијат одреден прилив на пари на новата платежна картичка „Green Pay Card“ со која ќе имаат можност да купуваат со попуст во одредени маркети, продавници, локали и сл, или да плаќаат за услугите кои ги нуди претпријатието, вели тој.

– Исто така до крајот на летото ќе се направи монтажна гаража со капацитет од 330 паркинг места во Дебар маало, изјави во Утрински брифинг на „Слободен печат“ Васко Кичевски, директор на Паркинзи општина Центар, рече Кичевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот