„Kia“ има „луто пиперче“ (ФОТО+ВИДЕО)

Јужнокорејскиот бренд „Kia“ во Њујорк ја претстави својата визија за електричниот кросовер.

Во Менхетен беше претставен концептот „HabaNiro“ (oд „хабанеро“, едни од најлутите видови пиперки), компактен кросовер, кој веќе има форма на продукциска верзија на автомобил.

„HabaNiro“ го придвижуваат два електромотори, секој посебно за осовина за погон на сите четири тркала.

„Kia“ тврди дека пакетот батерии овозможува автономија на движење од околу 500 километри помеѓу две полнења.

Наместо ретровизори „HabaNiro“ има камери, а со 20-инчните бандажи остава впечаток дека е способен и за забава надвор од асфалтот.

Иако изгледа како автомобил со три врати, моделот има четири, додека во внатрешноста доминира „хед-ап“ дисплејот кој се протега долж целото предно стакло.

Возачот преку екранот чувствителен на допир, може да контролира буквално сè во автомобилот, воланот се вовлекува во контролната табла со цел да се ослободи простор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот