Лејсон Зекири не се појави на стартот од подготовките на македонската репрезентација/фото: fiba.basketball

КФСМ нема да му дозволи на Зекири да игра за Косово

Кошаркарската федерација на Македонија (КФСМ) планира да ги искористи сите правни средства за да не му дозволи на поранешниот кадетски, јуниорски и младински репрезентативец Лејсон Зекири да настапува за селекцијата на Косово.

Младиот кошаркар на Приштина не се појави на стартот од квалификациите за пласман на СП 2023 година, а генералниот секретар на КФСМ, Владимир Георгиевски изјави дека тие се обиделе да стапат во контакт со Зекири за кого знаат дека сака да игра за селекцијата на Косово, но нивните обиди биле неуспешни.

– Зекири не се појави на првиот собир и не ни даде официјална информација зошто го одби да дојде. Неофицијално дознавме дека сака да игра за репрезентацијата на Косово. Ги контактиравме неговите најблиски, но засега немаме официјален став, се е неофицијално, а тоа е дека Зекири не сака да игра за Македонија иако е во плановите на селекторот. Ставот на КФСМ е дека немаме многу квалитетни кошаркари и доколку дојде барање од кошаркарската федерација на Косово, нема да го одобриме. Секако, тоа нема да застане тука. Но, политиката на ФИБА е малку ограничена и малку ѝ се врзани рацете на федерацијата. Ќе се потрудиме тоа да не застане така и да биде пример и за другите – изјави генералниот секретар на КФСМ, Георгиевски.

Лејсон Зекири беше повикан од селекторот Драган Бајиќ и за претквалификациите кои летово се одржаа во Скопје, но кошаркарот на Приштина не се појави бидејќи бил во контакт со лице позитивно на коронавирус.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот