Ќерката на трагично настраданиот актер сподели досега необјавено видео од својот татко (ВИДЕО)

инстаграм

Ќерката на ѕвездата од филмот „Брзи и бесни“ Пол Вокер, Медоу објави видео од својот татко кој никој досега не го видел. На снимката се гледа како таа го изненадила во текот на една посета.

Ова видео ги воодушеви нејзините бројни следбеници на Инстаграм.

Вокер на видеото се смее и ѝ кажува на ќерка си дека го преплашила, а потоа силно ја прегрнува. Снимката трогна многумина кои ја гледаа, а за само неколку часа ја прегледаа повеќе од милион корисници на оваа социјална мрежа.

„Мислев дека ова никогаш нема да го објавам, но некако ми се чинеше за правилно. Бидете добро. Ве сакам. Останете безбедни“, напиша Медоу.

„Ова видео ми носи солзи на очите. Почивај во мир“, гласи еден од коментарите.

„Твојот татко беше неверојатен и многу луѓе го сакаа“, се вели во уште еден коментар од нејзината објава.

Американскиот актер Пол Вокер загина на 1 декември 2013 година во тешка сообраќајна несреќа во Калифорнија. Вокер, кој тогаш имаше 40 години во моментот на несреќата седел на совозачкото седиште во автомобилот, со кој управувал неговиот пријател, кој исто така настрада во сообраќајна несреќа во местото Санта Кларита, во близина на Холивуд.

Возачот изгубил контрола над автомобилот, кој слетал од патот и се забил во столб и потоа се запалил и експлодирал.

View this post on Instagram

happy birthday to the loveliest soul I’ll ever know

A post shared by Meadow Walker (@meadowwalker) on

Вокер беше најпозант по улогата во серијата филмови „Брзи и бесни“, чија тема беа уличните трки во спортски автомобили и глумеше во пет од шест делови од популарната серија.

Тој зад себе тогаш ја остави 15-годишната ќерка Медоу.

View this post on Instagram

ultimate apocalypse buddy

A post shared by Meadow Walker (@meadowwalker) on

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот