И покрај тоа што има само две години, Сторми Вебстер, ќерка на мејкап могулот Кајли Џенер, има префинет вкус.
Нејзината мајка ѝ подарила дизајнерска чанта која чини повеќе од илјада евра, а девојчето не се разделува од тој аксесоар.
Кајли ја сними својата мала ќерка како излегува од домот и се гледа во огледало додека проверува дали нејзината облека и фризура се на место, а во раката држи луксузен детаљ.
„Факт е, ќе го копирам стилот на оваа девојка“, „Колку брзо расте“, „Симпатична“, беа само дел од коментарите на Инстаграм, но некои беа загрижени дека такво мало девојче има скапи детали „чија цена е еднаква на нивната кирија и комунални услуги“. .