Ќерката и поранешната снаа на Доналд Трамп имале афери со дел од персоналот на Белата куќа

Меланија Доналд Трамп
Фото: Profimedia

Во последните неколку години во Белата куќа се шушкаше дека ќерката на Трамп, Тифани и снаата Ванеса, биле во интимна врска со своите чувари.

Имено, новинарката Керол Лиониг напишал книга со наслов „Zero Fail: The Rise and Fall of the Secret Service“, во која се споменуваат имињата на Тифани и Ванеса.

Меѓу другото, таа открила како Ванеса и Тифани биле интимни со своите агентите на тајната служба, кои биле задолжени да се грижат за семејството, додека Доналд Трамп бил претседател на Соединетите држави.

Според „The Guardian“, Ванеса започнала врска со еден од агентите кој се грижел за безбедноста на нејзиното семејството. Не е познато кога се случила аферата, но Ванеса поднела барање за развод во март 2018 година.

Како што напишала Керол, агентот не бил отпуштен, ниту имало последица во професионална смисла.

Тифани, од друга страна, се впуштила во афера со друг агент, со кого поминувала многу време сама. Водачите на тајната служба тогаш, се вели во книгата, „биле загрижени за тоа колку Тифани се зближила со висок, мрачен и убав агент“.

На агентите инаку им е забрането да имаат интимни односи со луѓето за кои се задолжени да ги штитат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот