Кенан Мандра, нутриционист: Што е дието-терапија и зошто е толку ефикасна во слабеењето

Метаболичката преобразба на масти во енергија се одвива со помош на протокол кој трае 14 дена, а за 14 дена можете да симнете од 7 до 10 отсто од почетната телесна тежина.

Најголемиот здравствен проблем на современиот човек е дебелината. Како таа настанува, како да се каже дека тое е проблем што може лесно да се реши? Така што ќе го намалиме внесот на калории, а ќе ја зголемиме потрошувачката. Меѓутоа, дали е тоа така? Сигурно имате пријателка која многу јаде, а сепак е слаба, па помалку сите ѝ завидуваме. Или имате некоја пријателка што јаде многу малку, а се дебелее, и неа секогаш не ѝ веруваме, мислиме дека јаде нешто кришум. И ги имате и оние кои колку што јадат толку и се здебелуваат. Значи, тука гледаме три различни видови на метаболизам, односно гледаме енергетски хомеостатски механизам, кој делува на три начини. Од што всушност навистина зависи дали ќе се здебелиме или како да ослабнеме? Зависи од енергетскиот хомеостатски механизам што е директно поврзан со еден хормон, кој е наречен инсулин. Значи, може да кажеме дека дебелината е последица на нерамнотежата во хормоналната регулација на масното ткиво и дека метаболизамот на масти е зависен од количината на инсулинот, кој организмот го излачува.

Ако јадете повеќе шеќери, ако јадете повеќе јаглени хидрати, ако сте изложени на поголем стрес и ако вашата генетика е таква, вие ќе се дебелеете побргу, или  спротивно на ова, нема да се дебелеете. Според тоа, еден модерен, современ пристап во согласност со новите научни сознанија што ги знаеме од овој век, а не од минатиот, зборуваат дека треба да го промениме начинот на размислување и да ги промениме методите за слабеење, кои ќе бидат многу поефикасни од класичните диети. Со тоа се препорачува дието-терапија.

Клиниката за слабеење во Москва даде препорака дека липосукциската исхрана е многу ефикасен метод доколку сакате да се ослободите од вишокот килограми.

Дието-терапискиот третман за слабеење вклучува активација на метаболизмот на масти во облик во кој ќе го натерате вашето тело да се храни со сопствените масни резерви, а покрај тоа, да не сте гладни, да немате пад на енергијата, да немате пад на шеќерот. Затоа се користи посебен протокол што се нарекува липосукциска исхрана.

Липосукциската исхрана делува многу едноставно и на три начини. Прво, имате консултација со нутриционист, второ – имате план на исхрана, кој ќе ги задоволи вашите енергетски и метаболни потреби и имате резултати што се случуваат многу брзо.

Липосукциската исхрана ја користеле преку 100 илјади задоволни корисници. Таа функционира на овој начин – да го натерате сопственото тело да се храни со сопствените масни резерви. Метаболичката преобразба на масти во енергија се одвива со помош на протокол кој трае 14 дена, а за 14 дена можете да симнете од 7 до 10 отсто од почетната телесна тежина. Тоа е единствен третман за слабеење на Балканот, кој е клинички испитан на Институтот за биолошки истражувања во Москва, кој покажал извонредни резултати на слабеење и високо ниво на сигурност со самата примена на третманот.

Закажете бесплатен совет и консултација во „Липо диет“ центарот (на улица „Димитрие Чуповски“ број 22, спроти поранешен „Мекдоналдс“) или јавете се на телефоните 02 3151714, 070 535033. Протоколот за слабеење може да го нарачате и на домашна адреса.

 

 

 

 

(комерцијален текст)

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот