Кекеновски: Ние сакаме да бидеме народни пратеници, а не извршители на желбите на лидерите на политичките партии

Коалицијата „Никогаш северна, само Македонија” денеска на прес-конференција ја претстави својата програма во која, како што велат, имаат стратешки определби (враќање на името, поништување на Преспанскиот договор, преиспитување на Договорот со Бугарија, Законот за двојазичност и др), среднорочни и краткорочи планови и акции и задачи.

-Ние сакаме да бидеме народни пратеници, а не политички платеници и извршители на желбите на лидерите на политичките партии. На државата не и требаат слепи и послушни пратеници кои само ќе стискаат зелено и црвено копче согласно директивите кои ги добиваат од партииите, изјави Јове Кекеновски, носител на листа за пратеници од Коалицијата „Никогаш северна, само Македонија” во ИЕ2.

Избраните народни пратеници од нашата Коалиција, како што рече, ќе имаат слобода самостојно да одлучуваат и обврска максимално да соработуваат со органите на ЕЛС (Совет и Градоначалник) сé со цел како избрани народни пратеници да го подигнеме квалитетот на живеење во општините во кои сме избрани.

Прочитајте и...  Германија се соочува со пораст на активности на десничарските екстремисти

Кекеновски соопшти дека ако ја добијат довербата од граѓаните во ИЕ 2 веднаш ќе побараат да биде укинат имунитетот на пратениците и останати носители на јавни функции (освен за претседателот на државата), ќе се укинат патните трошоци на пратениците во висина на карта за автобуска линија, ќе се стави крај на рушителите на системот, распуштање на Уставниот суд, најстроги казни за сите вклучени во случаите Рекет 1 и 2 и „Империја”, расчистување на случајот „Диво насеље”. Рече дека ќе се залагаат и за укинување на функцијата заменик-министер и потпретседател на Владата за спроведување на Рамковниот договор, укинување на одредбите на Избирачкиот законик кои, како што рече, протежираат би(три)партизам наместо мултипартизам и укинување на одредбите кои се однесуваат на Техничка влада на 100 дена пред изборите.

Прочитајте и...  Заев: ДУИ ќе оди во опозиција, национализмот нема иднина во Северна Македонија

Кекеновски најави дека ќе се залагаат и за генерално прочистување на судството, обвинителството и полицијата, експресно завршување на сите кривични постапки во, посочува, една фер постапка, за да не застарат делата и приспитување на начинот на стекнување на имотот на сите оние кои биле на власт во последниве 20 години и конфискација на нелегално стекнатиот имот.

Прочитај повеќе

САД со над 65.000 нови случаи на коронавирус во последните 24 часа

Слободен печат

Макрон бара катедралата Нотр Дам да биде обновена како што изгледала претходно

Слободен печат

САД формира специјална група за борба против кибер измами

Слободен печат

Турски експерт: Високите температури не го уништуваат коронавирусот

Слободен печат

ПРЕДИЗБОРНИ ВЕТУВАЊА: Старите ветувања за гасификација, за Чебрен и за инспектори во ново руво

Весна Дамчевска

Вработен во прес-службата на Меркел наводно шпинирал за Египет

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Во Калифорнија го оспоруваат решението за странските студентски визи

Слободен печат

Од денес во Италија забранет влез за државјани на 13 земји, на списокот и С. Македонија

Слободен печат

Огненовски од Демократи: Да се врати украденото од народот и да се донесе една изборна единица

Миа Агенција

Во Словенија одобрена апликација за следење на новиот коронавирус

Слободен печат

Северна Кореја: Разговори со САД би му користеле само на Вашингтон

Слободен печат

Стејт департмент: Одобрена продажба на борбени авиони Ф-35 на Јапонија

Слободен печат