Ќе има Бундеслига – нема секс

Германската Бундеслига се чини дека прва ќе се врати на терените по паузата предизвикана од пандемијата на коронавирусот.

Планот на Бундеслигата, а кој го прифатија сите екипи е првенството да продолжи на 9 мај, но за тоа да стане и официјално потребна е дозвола од германската влада.

Сите екипи веќе се наоѓаат во тренажен процес притоа почитувајќи ги правилата на социјално дистанцирање, но Бундеслигата воведе уште неколку правила кои мора да се почитуваат доколку се продолжи со сезоната.
Едно од најинтересните правила кое сигурно ќе ги разочара фудбалерите е забраната за секс со своите партнерки.

На стадионите ќе смеат да присуствуваат највеќе до 300 лица, а меѓу мора да има четири додавачи на топката, четири полицајци, 10 новинари, 50 лица за обезбедување.

Фудбалерите ќе бидат тестирани пред првиот тренинг, а потоа два пати неделно се додека трае првенството од кои едниот е непосредно пред натпреварот.

Контактите на тренинзите ќе бидат минимални, а состаноците ќе се одржуваат во големи сали. Препорака е туширањето по натпреварите и тренинзите да го прават во своите домови, а ќе мора и сами да си ја перат својата опрема. Нема да биде дозволено јадење во клупските ресторани и играчите ќе мора да си носат јадење од дома.

Фудбалерите на натпреварите ќе пристигнуваат во неколку автобуси за да се запази растојанието, додека домашните екипи нема да имаат организиран превоз туку играчите ќе доаѓаат на стадионите сами со своите автомобили.
На сите играчи ќе им биде мерена температурата при доаѓањето на стадионот, сите простории ќе се дезинфикуваат.

Ќе биде забрането ракување пред натпреварите како и шепотење во уво. Резервните играчи нема да можат да седат еден до друг. Доколку играчите останат во клупскиот хотел ќе мора постојано да носат маски.

Доколку некој фудбалер биде позитивен на коронавирус, тоа нема да значи карантин за целиот тим, туку само за заразениот играч, а имињата не би се објавувале.

Доколку функционираат овие правила и препораки, истите правила планира да ги воведе и Премиер лигата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот