Казни за сите што пиратски споделиле линк од филмот „Тома“: Едно лице е веќе уапсено

Фото: Принтскрин - IMDB / Јутјуб
Фото: Принтскрин - IMDB / Јутјуб

Авторите на филмот „Тома“ најавија дека ќе покренат кривични пријави кон сите што го споделуваат филмот на своите Фејсбук профили. Пиратската верзија на филмот која протече на интернет, само на Фејсбук е прегледанa преку 200 000 пати.

Обвинителот за криминал од висока технологија, Бранко Стаменковиќ, изјави дека обвинителството во четвртокот започнало со проверка на наводите за кривичната пријава.

– Веќе во петокот имавме одредени индикации во врска со идентитетот на еден од луѓето што го ширеа линкот. Тој беше уапсен во петокот и му беше одредена мерка притвор од 48 часа. Сега работиме на откривање други од ланецот на оние што го шират линкот, изјави тој за Nova.

Кога станува збор за барање отштета, што може да ја поднесат продуцентите, Законот за авторски права детално регулира како може имотноправното барање да се реализира во тужба.

Филмот „Тома“ се појави на социјалните мрежи неодамна и се шири со неверојатна брзина. Поради пиратеријата, веќе неколку лица се уапсени, а професионалците велат дека граѓаните на Србија не се доволно запознаени со фактот дека со гледањето на филмот преку линкови на телефон или компјутер, ги кршат авторските права и можат да бидат кривично одговорни.

– Луѓето не знаат дека е кривично дело и споделувањето пиратски фајлови, и сите што ги споделувале спорните линкови од филмот ќе добијат кривични пријави. Не е сè што гледате на интернет – бесплатно.

Се претпоставува дека линкот за филмот „Тома“, во текот на викендот само на Фејсбук имал преку 200 000 прегледи, а споделен е преку 3000 пати.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот